дома Локално Претпладне сонце, попладне пороен дожд

Претпладне сонце, попладне пороен дожд

За денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди претпладне, а попладне на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, можно е невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина над 60 km/h и услови за изолирана појава на град.

Утринските температури ќе бидат високи и ќе се движат од 9 до 18, а дневните од 23 до 32 степена.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 15 и дневна до 30 степени.

Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури, а од недела температурите повторно ќе бидат во пораст. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаМакрон започнува голем пресврт за Франција, нешто што не се случило во последните 65 години
СледнаАмЧам: Квалитетните јавни политики се предуслов за посилна конкурентност и инвестиции