дома Македонија Црна хроника Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште беа презентирани материјални докази на Обвинителството, меѓу кои видео-снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“, како од критичната вечер, така и од периодот додека објектот функционирал.

Досега на судењето беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а беа изведени и обдукциски наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините за смртта на жртвите, како и медицинска документација за повредените. Претходно беше сослушан и директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ПредходнаАхмети на средба со конгресменот Кит Селф – Охридскиот рамковен договор во фокусот
СледнаВМРО-ДПМНЕ: 60.000 евра пари од членарината на работниците, Деаноски од УПОЗ ги потроши на спортски игри во луксузно туристичко место во Црна Гора