дома Македонија Деветнаесетгодишник на мотор загина во сообраќајка во Скопје

Деветнаесетгодишник на мотор загина во сообраќајка во Скопје

Момче на 19 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.

Момчето се судрило со патничко возило „ауди 4“ по што се здобил со тешки телесни повреди контатирани во комплексот клиники Мајка Тереза каде подоцна починал.

Во сообраќајќата учествувал уште еден мотоцикл марка Хонда ХДВ управуван од 21-годишно момче.

Несреќата се случила вчера во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.

Од Јавното обвинителство информираат дека се работи на расчистување на случајот. Обезбедени се снимки од видео надзорот.

– Извршен е увид на лице место, се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот. Обезбедени се снимките од видео надзорот, едно лице е задржано и се постапува, информира Обвинителството.

 

ПредходнаКилометарски колони и нервози на граница со Грција
СледнаДеаноски: Кога синдикатот е премногу гласен за правата на работниците, „луксуз“ стануваат синдикалните игри