Во објава на X, Мерц ја обвини Москва дека е подготвена да ги ескалира тензиите во однос на НАТО.
„Инцидентот уште еднаш покажува дека ни е потребно силно присуство на НАТО на источното крило. Подготвени сме да ја браниме територијата на алијансата“, рече Мерц.
Во текот на ноќта, руски дрон удри во повеќекатна станбена зграда во градот Галаци, недалеку од границата со Украина. Леталото предизвика пожар, а две лица со полесни повреди беа третирани на лице место, соопшти романското Министерство за внатрешни работи.
Министерството за одбрана во Берлин нагласи дека инцидентот не ја менува подготвеноста на НАТО да ја брани територијата на сите свои членки, а шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, ја обвини Русија дека „неодговорно продолжува да ја загрозува нашата колективна безбедност“.
„Нашиот одговор е единство. Ние стоиме со Романија, а нашите мисли се со повредените во нападот со беспилотно летало“, додаде Вадефул.




