дома Македонија Мицкоски во Нови Сад ќе се обрати на свеченост за 80 години...

Мицкоски во Нови Сад ќе се обрати на свеченост за 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе биде во Нови Сад, каде, според најавата од владината прес-служба, ќе присуствува на свечена академија посветена на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.

Свечената академија ќе се одржи во Студентскиот културен центар во Нови Сад, а покрај Мицкоски, ќе се обрати и  Зорица Митровиќ од Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.

ПредходнаБројот на сомнителни случаи на ебола во Конго се искачи на 1.028
СледнаПоранешниот државен обвинител на Трамп сведочеше за ракувањето со досиејата на Епштајн