дома Македонија Општество Километарски колони и нервози на граница со Грција

Километарски колони и нервози на граница со Грција

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

  Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и исцрпеност кај возачите и патниците кои се обидуваат да ја преминат границата кон Грција“.

– Сликата јасно ја прикажува состојбата. Бесконечни колони возила, возачи кои излегуваат од автомобилите, барајќи сенка и свежина, семејства со мали деца кои трпеливо чекаат под жешкото сонце и десетици автобуси, што со часови стојат неподвижни. И покрај интензивните непријатности, климата засега останува мирна и не се забележани посериозни тензии. Сепак, огорченоста е видлива. Многу патници го изразуваат своето разочарување од сликата што ја затекнуваат на влезот во земјата, а некои дури карактеристично велат дека „нема повторно да дојдат во Грција“, сметајќи дека е неприфатливо нивниот одмор да започне со повеќечасовно чекање на граница, пишува солунскиот информативен портал „Тес“.

 

Поради големото доцнење, долгото чекање и големиот број автобуси, како што пишува радиото Солун на нивниот сајт, била дадена наредба да се спроведе стариот систем за проверка за патниците од туристичките автобуси, со цел да се нормализира ситуацијата.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис исто така во четвртокот, од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“.

 

ПредходнаВладата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
СледнаДеветнаесетгодишник на мотор загина во сообраќајка во Скопје