
Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе биде во Нови Сад, каде, според најавата од владината прес-служба, ќе присуствува на свечена академија посветена на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.
Свечената академија ќе се одржи во Студентскиот културен центар во Нови Сад, а покрај Мицкоски, ќе се обрати и Зорица Митровиќ од Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.




