Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево и топло време со дневни температури од 24 до 33 степени. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината се најавуваат услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.




