дома Локално Судир на „Фолксваген“ и „Тојота“ во Скопје, жена заврши со тешки повреди

Судир на „Фолксваген“ и „Тојота“ во Скопје, жена заврши со тешки повреди

Една 40-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена на 30 мај во 12:45 часот, а во неа учествувале патничко возило „Фолксваген“, управувано од 40-годишната Р.Т. од Скопје, и патничко возило „Тојота“, зад чиј волан била 22-годишната Г.С., исто така од Скопје.

Во судирот, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат.

ПредходнаВЛЕН со седница на Централно собрание! Реконструкцијата на Владата во фокусот прва тема
СледнаФранцуската полиција досега уапсила 780 лица по „ огненото славењето“ по фудбалска победа на ПСЖ