дома Македонија Политика ПП Левица: Јаневска да каже што направила, а не кој министер бил...

ПП Левица: Јаневска да каже што направила, а не кој министер бил пред неа

Во однос на „демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетуваме дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната, се вели во соопшт5ението од ПП Левица  .

ПП Левица: Јаневска да каже што направила, а не кој министер бил пред неаАко министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на државниот ревизор е манипулација на јавноста, тогаш министерката треба да се потсети дека е државен службеник со највисоки ингеренции.

Овие ингеренции ѝ дозволуваат да покрене постапки, процеси и механизми за заштита на јавниот интерес, особено кога државен ревизор дава негативно мислење, и да ги отстрани, а не да ги продолжува.

Ирелевантно е кој министер и која партија била на власт за време на ревизијата. Не може секој нов министер да работи во дисконтинуитет и да врти глава настрана на потврдени незаконитости од претходните гарнитури. Освен ако нема партиски договор.

Јавно ја повикуваме министерката Јаневска наместо паушална изјава за една покрената мерка – да даде детален отчет што направила за да се спроведе секоја забелешка на државниот ревизор, откако стапила на функцијата. Наодите на државниот ревизор мора да бидат сериозно сфатени, и јавниот интерес заштитен. Никој, па ни министерката за образование, не е недопирлив пред законот и пред граѓаните.

ПредходнаФилипче: Мицкоски намерно ја кочи реформската агенда и ја лаже ЕУ
СледнаНад 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила