дома Локално Со свечено дефиле на ученици започнува „Културно лето Чаир 2026“

Со свечено дефиле на ученици започнува „Културно лето Чаир 2026“

  Општина Чаир денеска ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето Чаир 2026“, која ќе трае еден месец и ќе понуди богата програма посветена на културата, уметноста и традицијата.

Отворањето ќе биде означено со тридневната програма „Денови на децата“, што ќе се одржува од 1 до 3 јуни на повеќе локации – во Старата скопска чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија.

Програмата започнува на 1 јуни во 17 часот со свечено дефиле на ученици од основните училишта во Чаир, облечени во народни носии и со училишни транспаренти. Поворката ќе се движи од „Зегин“ низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег, по што ќе следува културно-уметничка програма.

Во наредните денови се предвидени бројни настапи на ученици, културно-уметнички друштва и детски групи, вклучително и песни, ора, рецитации, драматизации и изложби на детски ликовни творби.

ПредходнаТрамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social-Не спомнува напади !?
СледнаКошта од денеска во посета на Западен Балкан на средби со регионалните лидери