дома Македонија Економија Владата најави, РКЕ потврди – поевтин дизел од полноќ

Владата најави, РКЕ потврди – поевтин дизел од полноќ

Владата најави, Регулаторна комисија за енергетика потврди – од полноќ дизелот поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат минимално за половина денар. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот.
Според новата одлука на РКЕ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 90 ден/лит.
Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 87,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 3,238 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 47,906 ден/кг.
Владата вчера на вонредна седница ја продолжи мерката за намалена акциза на горивата и најави дека се преговара со рафинеријата ОКТА за продожување на попустот за горивата.

ПредходнаНад 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
СледнаУсловна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој ја тепаше сопругата