Финансиска полиција спроведува акција за наместен тендер во Царинската управа. Според дел од медиумите, се вршат претреси на неколку локации меѓу кои и домот на поранешниот прв човек на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ Стефан Богоев.
Дел од медиумите објавија дека тој е приведен но засега нема официјална потврда.

Акцијата се спроведува во соработка со Обвинителството.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.




