Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајна несреќа во Берлин, кога трамвај излетал од шините на кривина во источниот дел од градот.

Сите повредени се хоспитализирани, објавува „Шпигел“.
Според противпожарните служби, дел од трамвај во округот Лихтенберг веројатно удрил во столб од надземен далновод при влегување во кривина, пресекувајќи го трамвајот на половина и исфрлајќи го задниот дел од трамвајот од шините, соопшти противпожарната служба.




