Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети во Европската Унија се зголеми за 3,4% на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година на вкупно 471,1 милиони, според податоците на Евростат објавени денес .

Јануари донесе 143,5 милиони ноќевања на туристи со раст од 3,2%, февруари 154,4 милиони и скок од 3,4%, а март 173,2 милиони и зголемување од 3,7%, што укажува на постепено зајакнување на туристичката активност на почетокот на годината, се вели во соопштението.
Меѓу земјите со најбрз раст на бројот на ноќевања, Ирска води со скок од 35,3%, по што следуваат Малта со 11,1% и Данска со 9,3%.
Спротивно на тоа, пад на ноќевањата е забележан во неколку земји-членки, вклучувајќи ги Литванија (12,9%), Романија (6,7%) и Луксембург (3,8%).
Странските туристи учествуваа со околу 46,6% од вкупните ноќевања во ЕУ во првиот квартал од 2026 година, со најголем удел на странски гости во Малта (93,3%), Кипар (85,6%) и Луксембург (85,1%).
Најголем раст на бројот на странски посетители е забележан во Ирска (42,3% на годишно ниво), Литванија (24,1%) и Словачка (15,4%), додека падовите се евидентни во Латвија, Бугарија и Белгија, забележува веб-страницата на Евростат.




