САД и Иран би можеле да финализираат меморандум за разбирање следната недела, најави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека разговараме за следната недела“, рече тој во телефонско интервју за ABC News кога беше прашан кога ќе се договори документот.
Американскиот лидер, сепак, додаде дека не се согласува со претходната верзија на документот, бидејќи очекува меморандумот да вклучува „уште неколку точки“.
„Денес имаше мал проблем, но го решив многу брзо, како што веројатно забележавте претходно“, рече Трамп.
Аксиос: Трамп му се развика на Нетанјаху „луд си, сите те мразат“
Проблемот, според американскиот претседател, беше што Иранците беа вознемирени поради израелските напади врз Либан.
„Значи, разговарав со Хезболах и реков дека немало пукање, и разговарав со Биби (израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху) и реков дека немало пукање, и двајцата престанаа да пукаат еден кон друг“, рече Трамп.
Трамп рече дека мировниот договор со Иран може да биде „дури и подобар од воена победа“.
„Не е едноставна работа. Зборувате за навистина голема земја, тие, многу голема земја, кои склучуваат договор. Огромно непријателство, навистина. Значи, не им е лесно. Всушност, не е лесно од наша перспектива. Но, ние го добиваме она што ни треба“, додаде Трамп.




