Се очекува инфлациското влијание од војната со Иран да биде значително послабо од шокот што следеше по руската инвазија на Украина во 2022 година .Ова го предвидува „Фајненшл тајмс“.
Во извештајот се наведува дека очекувањата за глобална инфлација се зголемиле од почетокот на конфликтот, но во значително помала мера отколку за време на енергетската криза што следеше по почетокот на војната во Украина.
Иако цените на нафтата нагло пораснаа поради загриженоста за резервите од Блискиот Исток и транспортните правци, економистите за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека глобалната економија е помалку ранлива на продолжена инфлаторна спирала отколку што беше пред неколку години .
Цените на природниот гас остануваат далеку под врвовите достигнати во 2022 година, а централните банки почнуваат од многу построга политика, помагајќи да се ограничат пошироките ценовни притисоци.
„Фајненшл тајмс“ додаде дека надежите за договор меѓу САД и Иран и отворањето на Ормутскиот теснец помогнале да се ублажат некои од најголемите загрижености за нарушувањата на глобалните енергетски пазари




