дома Локално Топло до 32 степена, утре дожд

Топло до 32 степена, утре дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне се најавува нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови времето се најавува слично време, а под влијание на циклонска активност утре ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

ПредходнаУкраински беспилотни летала ги нападнаа регионите Тамбов и Ленинград
Следна3 месеци по смртта на Џејмс ван дер Бик – неговата поранешна сопруга се преомажи