дома Македонија Економија Македонија меѓу првите пет држави во Европа по растот на БДП, соопшти...

Македонија меѓу првите пет држави во Европа по растот на БДП, соопшти Мицкоски повикувајќи се на Евростат

Македонија е меѓу првите пет држави во Европа според растот на Бруто домашниот производ, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски кој на прес-конференција во Владата рече дека забележан е и раст на индустриското производство за 7,6 проценти во однос на април минатата година и намалување на невработеноста во изминатите 21 месец.

Податоците се преземени од Евростат и според нив  Македонија се наоѓа зад Данска, Малта, Полска и Србија.

– Ова не го вели Владата, не го вели Христијан или партиите, туку Евростат. Според Евростат, ние сме на петтото место споредено со државите за кои што растот е објавен, веднаш зад Данска, Малта, Полска и Србија. На другата табела се наоѓа остварениот резултат кога станува збор за раст на  бруто домашниот производ, но практично се усогласени параметри. И тука се Данска, Малта и Полска, па ние, па Србија. Така што, ако се анализираат двете табели на Евростат, ќе дојдеме до заклучок дека седмиот квартал по ред остваруваме раст на Бруто домашниот производ, рече Мицкоски.

Вели дека како ретко која држава во Европа имаме раст на индустриското производство во услови на најголема енергетска криза во светот.

 

ПредходнаКривична пријава заработи Богоев и уште три физички и едно право лице
СледнаЛозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа