дома Македонија „Стоп за Усје“ прашува зошто ДИЖС повеќе не ги објавува извештаите за...

„Стоп за Усје“ прашува зошто ДИЖС повеќе не ги објавува извештаите за инспекциски надзори

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ информира дека Инспекторатот за животна средина од март престанал со објавување на неделните извештаи за извршени инспекциски надзори.

Од „Стоп за Усје“ велат дека добиле одговор од Инспекторатот дека неделните извештаи не биле законска обврска и поради тоа истите нема веќе да бидат објавувани.

– Тие претставуваа единствен редовен механизам преку кој јавноста можеше да добие барем минимален увид во работата на инспекциските служби: каде се вршат контроли, кои субјекти се инспектирани и дали се утврдени неправилности, велат од „Стоп за Усје“.

Одлуката, велат оттаму, е донесена без јавно образложение, без претходна најава и без да биде предвидена во Годишните планови за работа на ДИЖС за 2024 и 2025 година, каде транспарентноста е наведена како едно од основните начела на институцијата.

– Последицата е едноставна: наместо проактивно објавени информации, граѓаните сега ќе мора да поднесуваат Барања за пристап до информации од јавен карактер и да чекаат до
20 дена за да дознаат каде и кај кого биле спроведени инспекциски надзори, посочуваат од „Стоп за Усје“.

ПредходнаЈавното обвинителство доби ново лого: Симбол на правда, законитост и европски вредности
СледнаСи-Ен-Ен: Најнасилните напади од прекинот на огнот во Иран