дома Македонија Директорката на ИЈЗ се надева дека Обвинителството ќе постапи по констатираните неправилности

Директорката на ИЈЗ се надева дека Обвинителството ќе постапи по констатираните неправилности

По утврдените неправилности во работењето на претходните раководства во Институтот за јавно здравје, актуелната директорка Марија Андоновска се надева дека Јавното обвинителство ќе реагира.

Таа денеска во изјава за медиумите рече дека и неа некои работи и изгледале нестварно кога дошла на функцијата.

– Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари, рече Андоновска.

Според Андоновска, некои лица биле примени на работа без административен испит, а неправилности се констатирани и при исплаќање на додатоците, наградувањето на вработените, набавката на медицинска опрема….

Посочи дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор.

 

ПредходнаМицкоски: Не очекувам Софија да го смени ставот, но Македонија ќе победи со аргументи
СледнаКривична пријава заработи Богоев и уште три физички и едно право лице