Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција во Владата потврди дека во тек е истрага поврзана со поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев

– Точно е тоа за коешто ме прашувате. Станува збор за лице кое е поранешен градоначалник на општина и поранешен директор на јавна институција. Станува збор за работење во рамки на таа институција, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Рече дека според информациите со коишто располага истрагата ќе се проширува и слични акции за недоследности ќе има и во други институции.




