Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне се најавува нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во следните денови времето се најавува слично време, а под влијание на циклонска активност утре ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.




