дома Македонија Вицепремиерот Фетаи кој не одеше на работа ќе биде назначен за специјален...

Вицепремиерот Фетаи кој не одеше на работа ќе биде назначен за специјален претставник на Владата во Брисел

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи кој даде оставка од функцијата ќе биде назначен за нов специјален претставник на Владата во Брисел, потврди копретседателот на Влен, Изет Меџити.

– Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција, изјави денеска Меџити.

Фетаи кој речиси два месеци не одеше на работа, а примаше функционерска плата и на социјалните мрежи објавуваше фотографии од патување во Талјанд, на почетокот на оваа недела официјално поднесе оставка од функцијата.

Во однос на реконструкцијата на Владата која премиерот Христијан Мицкоски ја најави за втората половина на јуни, Меџити рече дека коалиционите партнери веќе имаат начелна согласност за реконструкција на владиниот кабинет. Сепак, тврди дека партиските лидери сè уште немаат седнато на заедничка маса за да ги утврдат конкретните принципи по кои ќе се делат ресорите.

ПредходнаМицкоски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват
СледнаОдбраната на Богоев најавува обжалување на одлуката за 30-дневен притвор