дома Свет Балкан Истарската полиција потврди – четворица загинати во несреќата кај Медулин

Истарската полиција потврди – четворица загинати во несреќата кај Медулин

Четири лица загинаа во авионската несреќа во близина на хрватски Медулин, поточно во блзиина на медулинскиот спортски аеродром, потврди истарската полиција.
         Се работи за германски мал авион кој полетал од Австрија со крајна дестинација Медулин, пишуваат неофицијално хрватските медиуми, а сите детали и информации ќе бидат познати до вечер кога се очекува во Медулин да пристигнат истражувачи од Агенцијата за истражување на несреќи во авионски, поморски и железнички сообраќај.
Како што јавуваат хрватските медиуми, пилотот бил искусен, а поволни биле и временските услови.

ПредходнаМал авион се урнал кај Медулин, има загинати
СледнаВендерс го повлече филмот од 1975 година поради голата сцена на Настасја Кински.