Генералното собрание на Обединетите нации во среда ги избра Австрија, Португалија, Тринидад и Тобаго, Зимбабве и Киргистан за членови на Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари 2027 година.

Оваа година, едно место во Советот за безбедност на ОН припаѓа на Африканската група, едно на Латиноамериканската и Карипската група, едно на Азиско-пацифичката група и две на Западноевропската и другите групи.
Зимбабве ќе ја замени Сомалија, Тринидад и Тобаго ќе ја заменат Панама, Португалија и Австрија ќе ги заменат Данска и Грција, а Киргистан ќе го заземе местото на Пакистан, објави Ројтерс.
Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може да донесува правно обврзувачки одлуки, како што се наметнување санкции и овластување за употреба на сила.
Има пет постојани членки со право на вето: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД, а преостанатите 10 членки се избираат, при што пет нови членки добиваат места во Советот за безбедност на ОН секоја година.




