дома Локално МВР со важно соопштение за странците: Од денеска дозвола за привремен престој...

МВР со важно соопштение за странците: Од денеска дозвола за привремен престој и сликање за лична карта се реализира во просториите на МТВ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од денеска (03.06.2026) приемот на Барања за издавање на дозвола за привремен престој на странец во Р.С.Македонија, како и издавање на Решенија за привремен престој и фотографирање за лична карта за странец, може да се реализира секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот во просториите на МТВ (на приземје).

На овој начин придонесуваме за поефикасна услуга, без создавање на непотребни гужви, а граѓаните ќе бидат навремено услужени.

Министерството за внатрешни работи продолжува да биде партнер и вистински сервис на граѓаните.

ПредходнаУХМР со предупредување: Силно невреме со град, ветер и грмотевици
СледнаЌе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје