дома Локално Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска неколку скопски населби и деловни субјекти привремено ќе останат без електрична енергија.

Во општина Бутел, од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Костурска“, „Тале Христов“ и „Слога“, како и медицинските установи „Клиника ВФВ“ и „Санте Плус 3“.

Во истиот дел од градот, од 12:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на булеварот „Босна и Херцеговина“ и на улицата „Боро Менков“.

Во населбата Драчево, од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на улиците „Јанко Мишиќ“ и „Бранко Заревски“.

Прекини се најавени и во општина Карпош. Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе биде дел од корисниците на улицата „Франце Прешерн“, во близина на објектот со број 141.

Дополнително, од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија е предвиден и за дел од корисниците во населбата Злокуќани.

Од ЕВН информираат дека по завршувањето на планираните интервенции, снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано.

ПредходнаМВР со важно соопштение за странците: Од денеска дозвола за привремен престој и сликање за лична карта се реализира во просториите на МТВ
СледнаУкраинската воздушна одбрана собори 264 руски дронови преку ноќ