дома Локално Подмладок кај белите волци во ЗОО Скопје

Подмладок кај белите волци во ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје е збогатена со два нови жители. Кај белите волци има подмладок.
                               – Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката, велат од ЗОО Скопје.

ПредходнаДелови од Радишани, Добри Дол и Стар Качанички Пат денеска без струја
СледнаКавгата и расправија меѓу Трамп и Нетанјаху открива подлабок проблем: Војната со Иран е фијаско