ВМРО-ДПМНЕ тврди дека митото од 1,800 евра за кое се сомничи Стефан Богоев било прва рата од неколкуте исплати коишто требало да следуваат.
– Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација.Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за Богац, а само една од траншите која требало да ги добие Богац била во висина од над 110 илјади денари, изјави Бране Петрушевски на прес-конференција.
За определениот притвор од 30 дена за четворицата осомничени во случајот Царина имаше реакции во јавноста дека обвинителството е селективно, а одбраната на Богоев најави жалба на одлуката на Кривичниот суд.




