СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство праша дали постои дил меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството.
Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?. Причината за ваквите одлуки е целосната партизација на институциите. Во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство, констатира Димитијевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ го повика и државниот јавен обвинител Ненад Савески да го викне министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за да ги достави доказите за кои јавно рече дека ги има.
– Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут“ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран“. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има, рече Димитријевиќ.


