дома Локално Утре се затвора строгиот центар на Скопје – подгответе се за гужви

Утре се затвора строгиот центар на Скопје – подгответе се за гужви

На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

 

ПредходнаРадев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговори со ЕУ
СледнаМасовни апсења низ Македонија