дома Македонија Почнува полагањето државна матура, денес се полага странски јазик, математика или историја

Почнува полагањето државна матура, денес се полага странски јазик, математика или историја

Матурантите денеска почнуваат со полагање на државната матура.

Оние кои завршија гимназиско образование ќе избираат меѓу странски јазик, математика и историја, а на 11 јуни ќе го полагаат вториот екстерен предмет односно мајчин јазик и литература.

Матурантите од средните стручни училишта денеска ќе избираат меѓу англиски јазик и математика, а полагањето по македонски јазик за нив е закажано за 12 јуни.

Учениците од уметничките училишта денеска ќе избираат меѓу англиски и историја, а на 12 јуни ќе полагаат македонски јазик и литература.

Се очекува да полагаат над 14.500 матуранти, а годинава за првпат согласно новиот закон за средно образование има три различни типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

ПредходнаСАД: По беспилотните летала, Иран ги нападна Кувајт и Бахреин со ракети
СледнаОва е Брисел додека студентите и професорите протестираат