дома Свет Ројтерс: САД ќе им стават на располагање блокираните ирански средства на сојузниците...

Ројтерс: САД ќе им стават на располагање блокираните ирански средства на сојузниците за санирање на штетите

Соединетите Американски Држави ќе им стават на располагање ирански средства на сојузничките земји во Персискиот Залив за да ја поддржат реконструкцијата и санирањето на идните штети што Иран може да ги предизвика, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.


САД, исто така, ќе разгледаат користење на ирански средства за да помогнат во санирањето на штетите предизвикани од Иран во нападите врз околните земји, рече изворот.
Изворот рече дека американскиот министер за финансии Скот Бесант наредил тим да ја процени цената на штетата што Иран веќе им ја предизвикал на американските сојузници на Блискиот Исток.
Вкупниот износ на ирански средства замрзнати од американските санкции во банките во странство сè уште не е официјално објавен, но според проценките на иранските медиуми, тој е повеќе од 100 милијарди евра.

ПредходнаMOL доби одобрение од OFAC за продолжување на преговорите за аквизиција на NIS до 16 јуни
СледнаНајмалку 12 ранети во пукотница на фестивал во Охајо, вооружени лица се во бегство