Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје денеска ќе ги одбележи 165-те години од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци.

Настанот е посветен на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет.
Од Градската библиотека најавуваат одбележување збогатено со тематски осврти и читање избрани текстови.




