дома Македонија Политика Левица очекува предвремени избори: „Имаме моќ да ги обединиме прогресивните сили“

Левица очекува предвремени избори: „Имаме моќ да ги обединиме прогресивните сили“

  Консолидација на левичарските редови пред предвремените избори – XXX сесија на Централниот комитет на партијата

 

Политичката партија Левица вера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво, се наведува во партиското соопштение .

Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде „бизнис рај” за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт.

Левица останува доследна на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество.

ПредходнаДоларот се зголеми, еврото паѓа
СледнаАвиокомпаниите ја критикуваат Европската унија поради противењето на намалувањето на отштетите за доцнење на летовите