Компанијата „Макпрогрес“ денеска официјално ја пушта во употреба новата фабрика за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра.
Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на Винчини.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања.
Новата фабрика, според најавите, ќе биде отворена во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.




