дома Локално На почетокот на работната недела топло, попладне дожд

На почетокот на работната недела топло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од попладне се најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 18, а дневните од 26 до 33 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 15 и дневна до 32 степена.

Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради голема енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град. Од петок се очекува постепено стабилизирање на времето.

ПредходнаФирмата поради која се сомничи Богоев добивала тендери и од актуелната власт, јавува Телма
СледнаПрелиминарни резултати на ЦИК врз основа на 97,76% од гласачките места: Самоопределување 43,03, СЛ 5,89%