Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека „Техеран сака да ги запали Америка и Израел“.

„Иран лансираше ракети кон Израел синоќа и рано утрово. Предупредувањата за ракети беа испратени во 6 часот наутро во Ерусалим. Фала му на Бога, ракетите беа пресретнати. Иран и неговите зли агенти сакаат да ја запалат Америка и Израел. Мајчиниот брод на Сатаната е во Техеран“, објави Хакаби на својот X профил, објавува „Тајмс оф Израел“.
Израел започна воздушни напади врз централните и западните делови на Иран рано утрово, откако Иран лансираше 10 ракети кон северен Израел во неделата како одговор на израелските напади врз јужните предградија на Бејрут.
Иранската државна телевизија објави дека се слушнале експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран, но нема дополнителни информации за жртви или материјална штета.




