дома Македонија Економија Макпрогрес отвара нова фабрика за вафли, на почетокот 40 нови работни места

Макпрогрес отвара нова фабрика за вафли, на почетокот 40 нови работни места

Компанијата „Макпрогрес“ денеска официјално ја пушта во употреба новата фабрика за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра.

Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на Винчини.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања.

Новата фабрика, според најавите, ќе биде отворена во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

ПредходнаСилен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините. Има мртви, издадено е предупредување за цунами
СледнаРодителите на убиеното девојче (11) излегоа на улица со илјадници Французи