дома Локално Општина Аеродром доделува еднократна помош за првачиња

Општина Аеродром доделува еднократна помош за првачиња

 

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.

Општина Аеродром доделува еднократна помош за првачињаПријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:

• Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар; • Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето; • Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром; • Фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да инвестира во образованието и да им помага на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година.

ПредходнаВладата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште
СледнаДЗР со неповолно мислење за финансиските извештаи на Албанскиот театар за 2024 година