Унгарската полиција уапси седум лица осомничени за перење пари во рамките на меѓународна криминална организација, додека двајца наводни водачи на групата се уште се во бегство, соопшти истражната канцеларија на КР ННИ.

Според полицијата, криминалната мрежа перела пари од меѓународна трговија со дрога и други криминални активности, користејќи ја Унгарија како транзитна точка, објави МТИ.
Истражителите рекоа дека осомничените, меѓу кои Талал Марадини и Јусеф Махмуд, ги префрлиле нелегално стекнатите пари во Турција, Кипар и Грција.
Според полицијата, готовината била транспортирана во возила или во багаж на авион, честопати вакуумски спакувани и скриени меѓу лични предмети, а некои пратки достигнувале и до неколку стотици илјади евра.
За време на полициските рации, запленети се телефони, компјутери, документи, возила, како и значителна количина готовина и имот, додека дел од средствата се замрзнати на банкарски сметки.
Судот нареди притвор на седум осомничени, додека некои од нив се под кривичен надзор или се ослободени со кауција.
Истрагата продолжува, а издадени се налози за апсење на двајцата главни осомничени.




