Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин денес изјави дека Русија и Белорусија се подготвени да ги користат сите расположливи средства, вклучително и нуклеарно оружје, „за да ја заштитат Федералната држава“.
Тој изјави дека воената и безбедносната соработка меѓу Москва и Минск постојано се подобрува и дека двете земји остануваат подготвени да ги користат „сите средства“ за да ја зачуваат својата безбедност, порачуваат тие преку руски Спутник.

Во исто време, Галузин го обвини НАТО за, како што рече, провокативно зајакнување на воените сили во близина на границите на Федералната држава Русија и Белорусија, наведувајќи дека во таа област се одржуваат воени вежби и дека е забележано зголемување на инцидентите со беспилотни летала.
Москва соопшти дека безбедносната состојба во регионот се влошува поради активностите на Алијансата, додека Русија и Белорусија, според него, одговараат со зајакнување на заедничките одбранбени капацитети.



