Српскиот претседател Александар Вучиќ планира да се повлече од функцијата за три до четири месеци и не ја исклучува можноста да се кандидира за премиер.
– За три-четири месеци, можеби и порано, ќе поднесам планирам да поднесам оставка, рече Вучиќ на гостување на Радио Белград.
Изборите, вели, нема да се одржат во јули или август.

На собирот што ќе се одржи на 27 јуни во Белград, како што рече, ќе биде претставена листата на СНС за претстојните вонредни парламентарни избори.
Вучиќ рече дека прашањето за идниот мандатар за новата влада се дискутира секојдневно, наведувајќи дека темата ќе биде разгледана и на важен состанок закажан за вечерва.




