За осум дена или поточно на 18 јуни ќе биде позната пресудата за брачниот пар Кецмановиќ чиј син Коста на 3 мај 2023 година во училиштето „Владислав Рибник“ во Белград уби 10 лица и рани пет деца и еден наставник по историја.
Главниот јавен обвинител на Вишото Обвинителство Ненад Стефановиќ во своите завршни зборови побара казна затвор од 14 години и 11 месеци за таткото на Коста, Владимир Кецмановиќ и три години затвор за неговата мајка Милјана Кецмановиќ.

Според обвинителството, нема олеснителни околности за Кецмановиќ, бидејќи нивната небрежност довела до смртта на 10-те лица.
Адвокатите на одбраната тврдат дека наводите во обвинението не се докажани, поради што побараа ослободителна пресуда.
Коста Кецмановиќ во времето на злосторството сè уште немаше 14 години и затоа не е кривично одговорен.




