Сончевото и топло време ќе се задржи и денеска. Наместа попладне можна е нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Денес утринските температури ќе се движат од 9 до 18, а максималните од 25 до 33 степени.

Во Скопје, слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До утре попладне времето ќе биде стабилно, а веќе ноќта кон петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени.
За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.




