дома Македонија Фетаи повеќе не е вицепремиер, констатирана е неговата оставка

Фетаи повеќе не е вицепремиер, констатирана е неговата оставка

Законодавниот дом ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи кој според најавите треба да биде специјален претставник на Владата во Брисел.

Фетаи денеска не ја образложи оставката. За неа зборуваше во фејсбук статусот на 1 јуни во кој посочи дека заминува од функцијата „со крената глава и чиста совест“.

Во оставката, Фетаи изрази благодарност за укажаната доверба да ја извршува функцијата вицепремиер за добро владеење.

 

ПредходнаНевреме во Македонски Брод и Кичево
СледнаВработените во спортските обложувалници и казината апелираат до пратениците да го стопираат законот