Првиот човек на Министерството за здравство Азир Алиу потврди дека до него стигнале сонмежи од пациенти за злоупотреби на листата за чекање за операции, а на неа дури има и починати лица.

Алиу вели дека листите за чекање ќе мора да се прочистат, а за сомежите за злоупотреби не сакаше јавно да соопшти детали бидејќи, рече, не се доволно документирани.
– Мора да ги анализираме, работиме да ги детектираме таквите можни злоупотреби со листите на чекање. Исто така, листата на чекање треба да се чисти. Имаме пациенти кои за жал веќе не се меѓу нас и треба да се чистат, но тоа не можеме ние како Министерство. Мора заедно со здравствената институција да го направиме, законски да се исчистат, изјави денеска Алиу.




