Кувајтското Министерство за одбрана денес објави дека 24 беспилотни летала влегоа во кувајтскиот воздушен простор во последните 48 часа.

Во соопштението се наведува дека во овие напади нема повредени, а дека е предизвикана мала материјална штета, објави Ал Џезира.
Се нагласува дека кувајтските вооружени сили ефикасно ги извршуваат своите должности со цел да се зачува безбедноста на граѓаните.
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека извршила напади врз 18 американски воени цели во Кувајт и Бахреин, додека иранската војска изјави дека со беспилотни летала го гаѓала седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин, како одговор на најновите американски напади врз јужен Иран, како и затворањето на Ормутскиот теснец за целиот поморски сообраќај.




