дома Македонија Голем пожар во Штип, Јорданов побара помош од други градови

Голем пожар во Штип, Јорданов побара помош од други градови

Голем пожар вечерва избувна над Штип и се прошири над штипските гробишта. Побарана е помош од Свети Николе, Кавадарци и Кочани.

Градоначалникот Иван Јорданов на вонредна прес-конференција информираше дека нема место за паника и се користат сите сили за гаснење на пожарот.

Јорданов рече дека е во контакт и со Дирекцијата за заштита и спасување и со Центарот за управување со кризи и дека целта е да се направи појас за пожарот да не се шири.

Пожарот, според првичните информации, најверојатно е предизвикан од гром.

ПредходнаВучиќ: За три-четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка
СледнаСончево преку ден, дожд од попладне до сабота